Двајца работници загинаа и еден е тешко повреден по излизгување на земјиште при отварање на канал во близина на основното училиште “Пенко” на улицата Кемал Сејфула во скопски Чаир. Несреќата се случи денеска околу 11:00 часот. Двајцата загинати биле браќа кои работеле во компанијата која е во сопственост на нивниот татко. Неофицијално, повреденото лице е нивниот зет.
Според очевидци, за време на несреќата таткото на двајцата работници бил присутен и се обидел со багер да ги ослободи од натрупаното земјиште, но безуспешно. Каналот бил длабок околу два метри. Во моменов екипи на Министерството за внтарешни работи и Судска медицина се на местото на несреќата
Инаку, телата на двајцата браќа се извлечени и ги однесе погребалната служба, додека третиот тешко повреден работник е префрлен во болница и неговата состојба не е позната.