Пијан возач „уби“ полицаец- татко на 6-годишно дете и повреди уште 4 луѓе во Куманово. Со мерцедес се залетал и прегазил двајца полицајци на задача. Инцидентот заврши и со човечка жртва, загина 37-годишниот полицаец Виктор Цветковски. Возачот избегал од местото, а потоа направил уште една сообраќајка со повредени. Возачот (40-годишна возраст) е повреден и уапсен откако не можел да избега од местото на втората сообраќајна несреќа.
Инаку, полицаецот Виктор Цветковски е женет и татко на 6-годишно дете. Важел за професионалец и бил назначен за ментор на полициските практиканти. Вчера тој заедно со 27-годишен полицаец практикант бил на повик на поплака од граѓанин во кумановската населба Ајдучка Чешма. Откако ја завршиле задачата се движеле кон возилото, но ги покосил возачот со мерцедес.
Возачот кој ги предизвикал двете несреќи е во кумановската болница заедно со уште двајца повредени. Според првичните информации тој бил под дејство на алкохол, а во полицијата има кривично дело за имотни деликти и шверц.