Семејството на Љутфије Сам кое се појавува во документарниот филм „Медена земја“, кандидат во две конкуренции за „Оскар“, бара помош за осумте деца од кои најмалото има една година.
Семејството го посетило екипата на ТВ 21 од каде што информираат дека во старата куќа нема основни услови за живот, а децата немаат каде да се бањаат. Единствен приход им е продажбата на мед, а добронамерни луѓе помагаат колку што можат со добротворен прилог.
Од државата добиваат помош од мерката за трето дете. Десетчленото семејство бара од хуманите лица да им помогнат со храна и облека.
Владата вети дека ќе помогне на ова семејство.
8 #ДЕЦА, #БЕЗ #ХРАНА И ЕЛЕМЕНТАРНИ УСЛОВИ, СЕМЕЈСТВОТО ОД „#МЕДЕНА #ЗЕМЈА“ БАРА ПОМОШ ЗА ДЕЦАТА#ИЈАССУМТУКА
Posted by TV21 on Saturday, February 1, 2020