Десетина новинари и сниматели од различни редакции кои вчера биле во Куманово и имале контакт со градоначалникот Максим Димитриевски на кого денеска му е дијагностициран коронавирусот, се во изолација. Нив ќе им бидат земени брисеви за тест за коронавирус. Првиот тест ќе им биде направен следниот четврток.
Инаку, новинарите биле присутни за време на прес-конференцијата која се одржала пред почетокот на седницата на општинскиот Кризен штаб, а потоа, снимателите, правеле инсерти за време на седницата во општинската сала.
Во салата, на прес-конференцијата каде се обратија техничкиот премиер, Оливер Спасовски и вицепремиерот, Бујар Османи, присутни беа новинари на телевизиите Телма, Сител, Алсат М, ТВ 21 и други.
Дел од новинарите од различни редакции, снимале и изјави и интервјуа со градоначалникот Димитриевски, по завршување на состанокот.