За најпознатата македонска манекенка и модел Катарина Ивановска денеска е ден за славење. Имено, нејзиниот син Вања, полни две години. Таа и сопругот решија вториот роденден на Вања да го прослават во Палма Де Мајорка, Шпанија.
Катарина на својот Инстаграм профил објави фотографија од синот на плажа.
Инаку, македонскиот топ модел неодамна се врати од Тел авив, каде што во женско друштво замина како поддршка на нашата евровизиска претставничка, нејзината другарка Тамара Тодевска.