Канал 5 ТВ бара од Министерот Филипче од денес задожително да ги објавува скопските општини но и улици во кои се детектираат нови заразени, пред се за да се намали овој пик, и да не се заразуваат неинформирани сограѓани!
Последната информација од ИЈЗ е дека само кај нив се регистрирани 52 случаи на новозаразени, а се чекаат и другите лаборатории.
Неофицијални вкупната бројка може да биде поголема и од 80 лица, што очигледно е доказ за нечија неодговорност , особено на оние институции и поединци кои дозволија верските заедници да си ги празнуваат празниците, очигледно без речиоси никаква заштита.
Дополнително, јавна тајна е дека дека во Чаир и Сарај подолг период работеа угостителските објекти, чајџилници и сл., така да некој до МВР ќе мора да одговори зошто ова прекршување на уредбата на Владата не е контролирано и санционирано од нив? На пример, Министерот Чулев? Што се случува во државава, дали едни закони важата за Сарај и Чаир а други за останатите општини во Скопје?
Ќе одговара ли некој за дозоволувањето на православните храмови да го прославуваат Велигден , и особено за исламските верски објекти за прослава на Фитр Бајрам? Зошто цела нација да биде заложник на 1000 неодговорни лица, меѓу кои спаѓаат и мал делод оние од комисијата за заразни болести, кои очигледно направиле огромна грешка. Дополнително, малку им се верските објкетки и празници, па сега ќе дозволат и фудбалска лига да продолжи!
Дозволата за отворање на угостителски објекти беше очигледно погрешно реализирана, од причина што се очекуваше еуфорична реакција на граѓаните кои со недели немале социјален контакт во угостителски објект, а при тоа изостана неколкудневна обука, и задолжителна државна контрола на објектите кои одамна се знае дека се најфреквентни, особено оние во скопско Дебар маало.
извор: Канал 5