Актерката Ирена Ристиќ преку Фејсбук статус прашува која институација е одговарна ако те нападнат кучиња скитници. Лани таа била нападна од глутници улични кучиња, а пред неколку дена и на Александар кој е во количка, и на неговото куче Бен му се случило истото.
“Лани, во јули, на десет дена пред премиера, на кеј, мене и Алтан нè нападна глутница улични кучиња, од кои едното, во обидот да го спасам Алтан, ме заџапа мене за нога…
И небитно тоа, преживеав и угриз и премиера и све.
Зошто го кажувам ова сега?!
Зашто безмалку после цела година, немаш каде да се јавиш и кому да се обратиш, при ваков немил настан…
Денес од улични кучиња беа нападнати Александар и Бен.
Александар е во количка, знаете.
Бен му е сè.
И сега, Бен е повреден.
Бесна сум, не можам да ви опишам колку!!!
Ајде, одма да кажете и телефони и луѓе и шо да се прај!!!
Што по ѓаволите се случува со Лајка?!?!
Каде да се обратиме?!
*постов не служи за препуцавање и надмудрување, туку за конкретни информации, насоки и совети!“ напиша Ирена на својот Фејсбук профил.