Пејачката од популарниот бенд „Texas“, Шарлин Спитери, по долго време била забележана во јавноста во некој лондонски паб, додека друштво ѝ правел колега од бендот – Џони МекЕлон.
54-годишната Шарлин ретко излегува во јавноста, е најновите фотографии покажуваат колку се сменила од деновите на нејзината најголема слава.
Папарацо фотографите ја „уловиле“ без шминка и во опуштено издание, а судејќи по изразот на лицето, не ѝ било драго што ја фотографирале.
Шарлин и Џони воедно се и основачи на култниот бенд којшто го основале во 1986 година. Нивниот прв сингл „I Don’t Wanna Lover“ беше доказ дека ја донеле вистинската одлука затоа што веднаш стана хит и беше на топ-листите.
Потоа новите хитови само се нижеле, а Шарлин станала една од најпрепознатливите вокали во текот на 90-те години.
Пред четири години таа се венчала за својот долгогодишен партнер Брајан Вилијамс во нивниот дом во Велс пред 500 гости, а истата година „Texas“ одржа концерт за паметење во Хрватска (Загреб).