Откако Џорџиа Мелони победи на изборите во Италија, на таа победа реагираа многу познати италијански личности, а еден од оние кои предизвикаа најмногу реакции секако е фронтменот на групата Манескин, Дамијано Давид, кој го воодушеви светот на минатогодишната песна на Евровизија.
Пејачот, кој на Инстаграм го следат пет милиони луѓе, на таа социјална мрежа ја сподели насловната страница на италијанската Република со фотографија од Мелони за веста дека десниот центар победил на изборите.
„Денес е тажен ден за мојата земја“, напиша Дамијано и го привлече вниманието на своите следбеници.
Тој потоа ја сподели веста од Си-Ен-Ен: „Мелони ќе биде најдесничарскиот италијански премиер од Мусолини“.
Иако привлекува внимание со облеката и однесувањето каде и да се појави, Дамијано никогаш не ги криел своите политички ставови.
“Free Ukraine, f*ck Putin” – извикуваше на сцената на фестивалот Коачела. Тој и неговата девојка Ѓордија Солери се активни во борбата за родова еднаквост.
„Мораме да се спротивставиме“, коментираше неговата 26-годишна девојка Ѓорѓија и додаде: „Какво болно будење. Полошо од која било хронична болест“.