По новиот земјотрес од 4.2 степени според Рихтер што утрово го потресе Петриња, градоначалникот Даринко Думбовиќ рече дека земјотресот утрово бил многу силен. Тој посочи дека сместувањето на луѓето сега е основен проблем, бидејќи пристигнаа доволно храна и продукти.
-Ова беше удар за сè што не е тешко да се погоди, бидејќи уште многу помали удари ќе донесат дополнителна штета. За сите луѓе што се движат низ центарот, ќе имаме проблем ако им падне тула на главата, плочка, нашите ноќи се трауматизирани, без сон, неизвесност, иднина во која итно треба да најдеме решение. Граѓаните се на работ на трпеливоста и човечките можности на нормалното човечко суштество. Денес во Петриња веќе никој не е нормален – рекол градоначалникот на градот кој тешко настрада минатиот вторник во разорниот земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтерова скала.
На подрачјето на Петриња, Глина, Сисак и околните села, најтешко настраданите во земјотресот, се наоѓаат бројни служби и волонтери кои им помагаат на граѓаните, пред се во санирањето на разрушените објекти. Досега се пријавени штети на повеќе од 13.200 објекти.
Инаку, во земјотресот кој во вторникот го погоди ова подрачје во Хрватска загинаа 7 лица, а 27 се повредени.