797
Премиерот Зоран Заев облечен во дрес на македонската репрезентација преку видео повик им посака среќа на нашите фудбалери на вечерашниот меч против Грузија.
“Вечерва нашите фудбалски јунаци ќе истрчаат на теренот во Тбилиси со една желба – да докажат дека се генерацијата која за првпат ќе ја однесе македонската фудбалска репрезентација на Европското фудбалско првенство. Им посакувам овој ден да го запишат со златни букви во историјата на македонскиот фудбал и да бидат запаметени како спортски херои. Убеден сум дека ќе дадат сѐ од себе и дека денеска сите ќе се радуваме на победа.“ истакнува премиерот Заев во видео објавата.
https://twitter.com/i/status/1326912724459282435
