Денеска е ден за дружење со децата, напиша министерот за здравство, Венко Филипче на фотографијата која ја објави заедно со премиерот Зоран Заев и нивните синови Иво и Душко. Двајцата се на врв на Беласица.
–Времето кое го поминуваме со децата е најважно. Работните обврски си го прават своето, но секогаш се трудиме и наоѓаме време за нашите синови Иво и Душко. Денеска денот е за дружење со децата. Бесценети мигови со нив, на убавата Беласица,- напиша Филипче на својот Фејсбук профил.