Џина Дејвис била една од холивудските секс-симболи, а деновиве одвај излегува од дома.
Пред само три години Џина се појавила на црвениот тепих и ги воодушевила сите со својот изглед. Сега фотографите успеале да ја фотографираат пред нејзината куќа.
Фотографиите на кои Џина ја чисти гаражата, ги шокирале фановите поради нејзиниот непрепознатлив изглед. Освен што нејзиното лице изгледа измачено, Џина ја покажала и својата кревка фигура.
Инаку, Џина е најпозната по улогите во филмовите „Телма и Луиз“ со Сузан Сарандон и Бред Пит во филмот „Бубимир“.
Таа била во брак четири пати, а најмногу внимание привлекол разводот од доктор Риз Џарахи. Тие во брак биле 16 години, а тој побарал развод.
Џина и Риза се развеле во 2017 година, а од тогаш воделе огорчена „војна“. Инаку, на актерката ова ѝ бил четвртиот сопруг со кој има три заеднички деца: 19-годишната Ализеја Кешвар Дејвис Џарахи, 17-годишните близнаци Калиса Стивен Џарахи и Кијан Вилијам Џарахи.
Според пишувањата на „Page Six“, докторот наводно се обидел со договор да го реши прашањето за поделба на имотот и старателството над децата, но таа наводно постојано го блокирала.
Очигледно дека одбила да го подели имотот, па дури тврдела и дека никогаш не биле во брак.
„Риза не помина добро, но се согласи на тоа конечно да остави сѐ зад себе и да се ослободи од кошмарите во кои Џина го внесе“, изјавил извор за странските медиуми.
„Нему му е доста од нејзиното нарцисоидно однесување, па беше подготвен да го прифати лошиот заклучок само за да се тргне од сето тоа и повторно да се сконцентрира само на децата“, додал изворот.
Парот на правните трошоци наводно потрошил над 1,5 милиони долари што е голем износ.
„Тоа се пари кои и требаше да останат за нивното семејство и за иднината на нивните деца“, изјавил изворот.
„Адвокатските трошоци го доведоа Риза на раб на банкрот. Со месеци мораше да спие на кауч од своите пријатели, во нивните слободни соби, па дури и во својот автомобил за да може да плати адвокат. Децата тогаш не можеа да бидат со него и тоа му го скрши срцето. Во меѓувреме, Џина продолжи да живее во нивната вила со децата, несвесна на болката која им ја нанесе на сите. Нејзиниот начин на живот воопшто не се смени“, заклучил изворот.
Џина и Риза се запознале во 1998 година кога таа имала 42 години, а тој 27. Се венчале во мај 2001 година, а една година подоцна го добиле нивното прво дете.