Денеска, во 9,20 минути, во Кентербери, Англија, ќе биде кремирано телото на Горан Стефановски. Денот на кремирање е одреден и заради неговиот брат, Влатко Стефановски да може да присуствува на овој чин. Влатко претходно беше на турнеја во Австралија.
По желбата на Горан Стефановски, пепелта во пригодна прилика ќе биде посипена над Охридско Езеро.
Македонскиот писател Горан Стефановски, почина на 27 ноември, по кратко боледување.