После години одбивање улоги, Деми Мур доби улога цо филмот „The Substance“. Филмот ја имаше својата премиера во Кан, а актерката проговори за новото искуство при снимањето.
„Тоа беше многу ранливо искуство и бараше многу чувствителност и многу разговори за тоа што се обидувавме да постигнеме“, коментира Деми Мур, која во филмот има улога на позната дама која пропаѓа. Улогата на зависничка кој користи дрога на црниот пазар, е всушност приказна за самоприфаќање. Во филмот, Мур користи клеточен репликатор за да создаде помлада и подобра верзија од себе, но мора да помине половина од своето време во мирување за да може да напредува помладата верзија.
Споредувајќи го своето тело со новата верзија на себе, Мур открила дека снимањето е емотивно искуство кое не би било толку добро доколку не се поврзе со актерката Маргарет Квали на таков начин.
„Имав некој кој беше одличен партнер, со кој се чувствував многу безбедно. Очигледно бевме прилично блиски и голи, а исто така многу се разбравме во тие моменти за тоа колку се апсурдни овие одредени ситуации“, вели Мур.