Деми Мур (61) била на забавата за 33. роденден на нејзината ќерка Скаут Вилис
Сестрата на роденденската девојка, Рамер Вилис, ги покажа фотографиите од прославата.
На тие фотографии можете да видите како групата ужива во пливање.
На една од фотографиите се гледа и Деми Мур во бел костим за капење. Држејќи ѝ ги рацете на внуката Луета, ќерка на Румер Вилис и Дерек Томас. Сите го пофалија изгледот на актерката.
“Како може некој да има баба како Деми Мур? Јас би умрел”, “Ти си убава, но секогаш ја обожавав мајка ти”, “Многу почит за Деми. Сите зборуваат за пластичната операција што ја направи и ти еве покажуваш како навистина изгледаш“, се дел од коментарите.
Деми неодамна се најде на удар на критики поради тоа што објави фотографија на која е со деколте до папокот. „Баба се обидува да изгледа како девојче, со помош на пластична хирургија“, „Изгледаш старо“, „Овој изглед не ти одговара на твоите години. Треба да ја скратиш косата, да ги покриеш градите…“, беа некои од коментарите.
Деми јавно ѝ го честиташе роденденот на својата ќерка. „На мојот сладок ангел… Најсреќен роденден! Почестена сум што сум твоја мајка и благодарна што го споделувам ова животно патување со тебе! Најдоброто допрва доаѓа и многу сум возбудена што ја гледам магијата што те следи. Те сакам“, напиша Деми.
Мур ги има Скаут, Талула и Румер во бракот со поранешниот сопруг Брус Вилис.