„Кога бев помлада, знаев да држам строги диети и да внесувам многу малку калории, а потоа научив дека тоа не дава најдобри резултати и дека не е нималку здраво“, вели Деми Мур која на 58 години изгледа како да има 30.
Ако се прашувате како ѝ успева на актерката да изгледа толку добро во 6-та деценија од животот, ние ви ја откриваме нејзината тајна. На прашањето благодарение на што на телото нема ниту еден грам сало, таа вели дека тоа се должи на овие правила.
„Прифаќањето на сопственото тело е клучот за среќа и добро чувство“, вели Мур. „Кога ќе сфатите дека телото што го имате е најубаво и дека мора да се чувствувате убаво во него, тогаш сè се менува“.
Овие 2 правила се многу важни:
Умерена исхрана
Како што нагласи, нејзината диета е избалансирана и умерена. Претежно се обидува да јаде здраво, но си дозволува да ужива во слатките еднаш неделно. Таа јаде нискокалорична храна 6 дена во неделата, но недела е ден за опуштање.
Голем дел од нејзината диета се состои од протеини кои се важни за градење на мускули и добро здравје воопшто.
Појадокот е претежно изматени јајца, за ручек јаде малку месо или риба и многу салата, додека вечерата се состои од интегрален тост и кисело млеко. Помеѓу оброците има и 2 закуски кои се состојат од сезонско овошје или неколку ореви.
Умерено вежбање
Физичката активност е важна, но дури и тука треба да бидете умерени и да најдете нешто во што уживате. Деми Мур откри дека најмногу ужива во часовите по јога и трчање. Овие две физички активности ги практикува 3 пати неделно.