Деми Мур (60) е снимена како танцува во ноќен клуб на грчкиот остров Миконос.
Повод за забавата бил роденденот на нејзината пријателка Вероника Пастра, а судејќи по видеото, актерката убаво се забавувала танцувајќи со другарките на клупата.
Деми Мур редовно тренира, а колку е добра покажа со своите танцови потези. Инаку, Мур пристигна во Грција со луксузна јахта каде ужива во сончањето по лудото ноќно излегување.
Светските медиуми деновиве објавија фотографии од Деми облечена во зелено бикини, на јахта ужива во летниот одмор. Со право може да се каже дека актерката има беспрекорна фигура.