Холивудската глумица Деми Мур открива дека имала спонтан абортус, а воедно и дека нејзиниот поранешен сопруг Ештон Качер ја убедувал да имаат секс во тројка.
-Сакав да му покажам колку супер и кул можам да бидам, но тоа беше грешка,- раскажува таа.
Деми откри дека сакајќи да му удоволи на својот тогашен сопруг, два пати имале секс во тројка.
Глумицата откри и дека Ештон од неа барал да уринира врз него.
– Беше толку понижувачки и одвратно, уште имам трауми од нашиот однос – додаде таа.
Но, ваквиот потег само направил уште поголем раздор во нивниот брак бидејќи Ештон започнал да ја изневерува со други жени. Една од нив е Британи Џонс која своевремено изјави дека Качер спиел со неа во домот кој го делел со Деми, додека таа била на патување. Иако Ештон ја негираше аферата, во книгата, актерката вели дека дознала за изневерувањето.
Инаку, Деми Мур и 15 години помладиот Ештон Качер започнале да се гледаат во 2003-та и по две години ја официјализираа својата врска со брак.