Деми Мур беше една од славните гостинки кои ја посетија галата во Музејот на американската Академија на науките и уметностите во Лос Анџелес.
61-годишната холивудска ѕвезда изгледаше младолико во блескав фустан кој бил украсен со огромен цвет во горниот дел и дискретен шлиц, а го комплетираше изгледот со златни сандали со ремчиња, ефектни обетки и „clutch“ чанта. Долгата, бујна коса ја навиткала во лежерни бранови, а оваа фризура направила да изгледа младешко и секси.