Агенција за економско-правна поддршка, Про Агенс – Скопје на својот Фејсбук профил објави дел од владините предлог мерки од четвртиот сет за поддршка на економијата:
– Од 1 јануари 2021 година, данокот на личен доход за доходот во ИКТ секторот ќе се намалува постепено од 10% на 0% до крајот на 2023 година,
-Од 1 јануари 2021 година, расходите за приватно здравствено осигурување ќе добијат третман на даночно признаен расход
-Од 1 јануари 2021 година, за даночно признаени расходи ќе се сметаат голем дел од трошоците поврзани со развој на работна сила и тоа ИКТ тренинзи и сертификати, лиценци, курсеви за преквалификација и доквалификација на кадар и сл.
–Од 1 јануари 2021 година, за даночно признаен расход ќе се смета и трошокот за тим билдинг,
–Продолжуваат мерките за субвенцинирање на платите, одложено плаќање на ДДВ, бескаматни кредити за компании кои трпат штети од пандемијата,
Дел од мерките треба да се применуваат од 01 октомври 2020 година.