Тигар-ајкулата е фатена и извлечена на брегот со чамец, а внатре биле пронајдени делови од изедениот Русин.
Внатре во ајкулата, која нападнала и изела момче од Русија во Египет, се пронајдени делови од неговото тело, а животното пред тоа било претепано до смрт.
Туристите истрчале од морето, а шокираните набљудувачи му викале на Владимир да плива подалеку од ајкулата, но предаторот сепак го фатил. Ајкулата потоа била фатена и извлечена на брегот со чамец, а луѓето насобрани на плажата потоа ја претепале до смрт, пренесува „Daily Mail“.
Ајкулата потоа ја преземале експерти кои ја распарчиле. Посмртните останки на момчето се пронајдени во цревата на ајкулата, пренесува весникот „Ал Арабија“. Д-р Махмуд Дар, професор на египетскиот Национален институт за морска наука исто така открил дека ајкулата била женка.
https://twitter.com/i/status/1667024735430127616
Инаку, шокираниот татко на Владимир, Јуриј, раскажал дека гледал додека ајкулата го гризе неговиот син, а тој бара помош.
„Отидовме на плажата да се одмориме. Мојот син беше нападнат од ајкула, се се случи за само неколку секунди“, рекол Попов, со потекло од Русија.
Очајниот татко рекол дека во близина немало други членови на семејството кои би му помогнале на Владимир во водата, иако првите извештаи велеа дека неговата девојка успеала да побегне од нападот.
„Каква помош воопшто можете да пружите? Тоа животно е машина за мелење на месо, се случи за 20 секунди, едноставно го одвлече под вода“, рекол Попов.
Egypt’s environment ministry said the man was killed on Thursday after being attacked by a tiger shark in the waters near the city of Hurghada. Authorities closed off a 46-mile (74km) stretch of the coastline, announcing it would remain off-limits until Sunday.#SharkAttack pic.twitter.com/XehApmepx9
— Rishabh singh Bhadouria (@Rishabh58113567) June 9, 2023