Холивудската глумица Салма Хајек се најде на листата на познати личности кои присуствуваа на премиерата на филмот Killers Of The Flower Moon во Кан.
На црвениот тепих ѝ се придружи нејзиниот сопруг Франсоа Анри Пино, а парот изгледаше блескаво како и обично. Сепак, главното внимание беше на Салма и нејзиниот фустан.
Таа се одлучи за сложен фустан од куќата на „Александар Меквин“. Виолетовата толатра има нагласено деколте, со карнери на рамената, но и интересен долен завршеток.
Скапиот накит му даде посебен шмек на целиот стајлинг, но она што на сите им паднало во очи е изменетото лице на Салма.
Не е сигурно дали се работи за интервенција или шминка, но ќе потсетиме дека актерката во неколку наврати нагласи дека останува верна на својата природна убавина.