Актерката Скарлет Јохансон моментално го промовира филмот „ Jurassic World Rebirth“, а за премиерата избрала моќно издание.
На премиерата на филмот одржана во Берлин Скарлет на црвениот тепих се појавила во тесен, црн корсет-фустан од модната куќа „Balmain“, изработен од материјали кои потсетуваат на кожата на рептилот што е јасен знак на диносаурусите кои се појавуваат во филмот.
Кројот на фустанот бил таков што ја нагласил нејзината совршена фигура на тело.

Горниот дел го красел длабок изрез во облик на срце и впечатливи златни копчиња кои биле распоредени по фустанот.

Скарлет со овој фустан којшто сам по себе е многу впечатлив, носела елегантни црни високи потпетици.
Што се однесува до накитот, таа носела златни обетки кои одлично се вклопиле со златните копчиња на фустанот.
Косата и шминката биле минималистички, а целокупниот изглед на актерката е за чиста 10-ка.


