70-годишниот Страшо Димитровски од Делчево тврди дека го нашол лекот за коронавирусот. Локалната телевизија М-Нет од Делчево вчера објави снимка која е најдобар доказ за ова.
На дедо Страшо лекот му се јавил на сон. Тој ископал дупка под двете оревови дрвја во месноста Брежје, во близина на реката Брегалница.
Жителите на градот и на околните села деновиве во се поголем број доаѓаат за да се протнат под корените на два орева, убедени дека тоа ќе ги заштити од ефектите на Ковид-19.
Делчевецот вели дека и лекари доаѓале да го испробаат неговиот лек. Сепак, истакнува, ако дојдат вакцините ќе се вакцинира, затоа што освен во сонови, верува и во медицината.