Минатата недела во градот Магеланг полицијата уапсила постар маж поради секс на јавно место, но кога го однеле во станица, тој ги изненадил сите со своето тврдење дека неодамна наполнил 120 години, пишува Дејли Стар.
Мажот и неговата партнерка во „клинчот“ биле снимени од шокирани граѓани и снимките биле предадени на полицијата.
Не им требало долго време да го пронајдат дедото чиј идентитет не сакале да го откријат, туку само го нарекоа Ј.
– Ни кажа дека има 120 години. Подоцна рече дека има повеќе од 100 години. На распитот бил збунет, не знаел каде е. Не знаеме кој е неговата партнерка, но според официјалната изјава што ни ја даде, тој има 120 години. По испрашувањето, го ослободивме. Истрагата сз уште е во тек, а господинот Ј и натаму е главен осомничен – соопшти локалната полиција.
Целиот „инцидент“ се случил пред локална златарница.
Партнерката на дедото наводно е со децении помлада чистачка која работи во трговскиот центар.
Повеќето жители на овој град се шокирани од сцените, но социјалните мрежи се полни со пофалби за дедото.
– Честитки. Во тие години! И да нема 120, туку над 100, сепак е импресивно – стои во коментарите под објавата.
juancookk puekok
iki ning pinggir dalan yo
wong magelang mesti paham pic.twitter.com/mXiriL8HB2— Mas uuL (@bingungann) February 16, 2022