Трите девојчиња кои вчера беа прегазени на улица во населбата Чаир од такси возило, се оперирани и пренесени во одделот на интензивна нега-објави 24.мк. Од детската хирургија информираат дека двете девојчиња кои имаа скршеници на потколеница, рамо и повреди на глава и граден кош, се оперирани и се во стабилна состојба.
Третото девојче кое имало најлесни повреди се очекува утре да биде пуштено на домашно лекување. во меѓувреме, полицијата треба да открие што се случило и како дошло до несреќата на булеварот во Чаир, каде на неколку метри од пешачкиот премин ги прегази такси возило.
Инаку, група граѓани на населбата денеска два часа го блокираа булеварот Христијан Тодоровски Карпош во знак на протест поради собраќајниот хаос. Луѓето бараат семафори на критичните места и велат дека ќе протестираат секој ден.