Во градот Каспијск, во Република Дагестан, е снимена вистинска драма откако девојче излегло на прозорец од станот на 9-ти кат.
Таа седела со својата сестра, а потоа од непознати причини се качила на симсот, каде што стоела и мавтала со рацете. За среќа, посетителите на блиската плажа ја забележале, пренесува Telegram каналот Baza.
Додека чекаат да пристигнат надлежните служби, соседите ширеле ќебиња во случај детето да падне.
Полицијата дошла до вратата од станот, но сестрата не сакала да ги пушти, бидејќи се плашела да им отвори на непознати. Очигледно немало возрасни.
По половина час преговори на полицајците им било дозволено да влезат во станот и веднаш го тргнале девојчето од симсот.
Краткиот клип , објавен на мрежите ја замрзнува крвта во вените, а само за чудо детето не изгубило рамнотежа и паднало во бездна.
(Telegraf.rs)