(фото: Телеграф)
19- годишна девојка Ива М од Ниш синоќа го загуби животот во несреќен случај, кога паднала од покривот на една зграда на височина од 15 метри. Таа снимала видео за да го објави на социјалните мрежи, објави РТС.
Имено, младата девојка била на покривот од една зграда со своето друштво. Таа снимала видео кое сакала да го објави на некоја од социјалните мрежи, но изгубила рамнотежа и паднала од 15 метри висока зграда.
Младата Ива М. настрадала пред очите на своите другари кои останале шокирани. Докторите од итната помош можеле само да констатираат смрт.