Ајрин Витхулкас од Австралија стана популарна на Инстаграм и ТикТок бидејќи крева тегови за да може да ја носи својата парализирана сестра.
Нејзината сестра, 23-годишната Кристина, е австралиска мотоциклистка во слободен стил. Пред три години на тренинг погрешно ја проценила брзината и доживеала несреќа и останала парализирана.
Лекарите успеале да ја спасат Кристина, но и рекле дека никогаш повеќе нема да оди. Сепак, по само 11 недели закрепнување, Кристина повторно била на мотор благодарение на свршеникот Џејмс.
https://www.instagram.com/p/CULuuTbvgbg/
Заедно со Џејмс, на Кристина многу и помага и нејзината сестра близначка Ајрин, која уште повеќе почнала да тренира по несреќата на Кристина. Двете сестри се силно поврзани и Ајрин не сакала животот на нејзината сестра да престане со несреќата.
Својот напредок го споделува на социјалните мрежи, а следбениците ја прашуваат зошто толку крева тегови.
„Не сакам ништо да пропушти“, напишала Ајрин во описот на видеото што го споделила.
https://www.instagram.com/p/CUJ27xql1Et/
И двете сестри се инспирација за многумина. Ајрин за жртвата што ја прави за својата сестра, а Кристина затоа што не дозволила парализата да и го ограничи животот.
„Ни требаат повеќе вакви луѓе“, напишал еден корисник.
https://www.instagram.com/p/COIOxyzFX5S/
„Ова е фантастично, кога она што го правите има за цел да му помогне на некој друг освен вас, тоа е вистинска љубов!“, се вели во коментар.