Тејлор Дејвис некое време чувствувала вртоглавица, но, како што вели, тоа не го сфатила сериозно, туку го поврзала со вежбање во теретана. Имено, тогаш 20-годишната Дејвис била многу активна и вежбала речиси секој ден, па мислела дека вртоглавицата е поради исцрпеност. Меѓутоа, неколку месеци подоцна почнала да забележува некои други симптоми како кашлица, отекување на лицето, нагло слабеење и модринки кои не знаела кога се појавиле.
Како што објави британски Daily Mail, тоа ја принудило да посети лекар кој и дијагностицирал лимфом (вид на рак на крвта) и тумор на белите дробови. Набргу потоа, таа била подложена на хемотерапија, а нејзиниот рак моментално е во ремисија.
Таа за медиоумите ја раскажала својата приказна:
„Имав само 20 години и не ни помислував на фактот дека може да имам рак. Покрај тоа, спортувам од кога се сеќавам и секогаш се хранев здраво, поради што дијагнозата ме шокираше. Сега сум добро, одам на редовни контроли и толку“, изјавила Дејвис.
Според резултатите од истражувањето, на над 80.000 луѓе во САД годишно им се дијагностицира лимфом, најчестиот рак кај тинејџерите и младите. Овој тип на рак се јавува кога белите крвни зрнца во лимфниот систем почнуваат неконтролирано да се размножуваат, предизвикувајќи симптоми и во подоцнежните фази предизвикувајќи органите да се исклучуваат.
Ракот може брзо да расте и често не се дијагностицира навреме, што го отежнува лекувањето. Не е јасно зошто ракот е почест кај младите луѓе, но научниците велат дека можеби е поврзан со вирусни или бактериски инфекции кои предизвикуваат штетни мутации на клетките.