Девојката на Кристијано Роналдо, Георгина Родригез конечно открила интимни детали за себе.
Родена е на 27 јануари 1994 година во Буенос Аирес, а со родителите се преселила во шпанскиот град Јаца каде нејзиниот татко отишол поради фудбалот. И’ тој бил фудбалер, но не стигнал подалеку од втората аргентинска лига, додека Георгина на 4. години ја открила својата голема љубов, танцувањето.
“Не бев многу убаво дете. Сигурно не бев најубавата во одделението. Едноставно, се чувствував нормално. Танцот ме научи на дисциплина и љубов кон уметноста”, раскажа Џорџина.
Набрзо добила прилика во Мадрид, но немала пари да го следи својот сон. Поради тоа одлучила да отпатува за Бристол, го усовршила англискиот јазик.
“Бев чистачка, ништо не ми беше проблем”, рекла Георгина.
Кога собрала доволно пари, се вратила во Шпанија. Во Мадрид живеела со својата сестра која студирала, но немала доволно пари. Но, имала голема желба за успех и совршени пропорции на телото (85-62-90). Поради тоа се вработила како продавачка во продавница на „Гучи“ во Мадрид. Токму тоа ѝ го променило животот.
За време на нејзината смена во продавницата влегол Кристијано Роналдо, а токму таа му асистирала при шопингот. Потоа, Роналдо секогаш барал таа да му помага секој пат кога ќе доаѓа на шопинг во продавницата. Роналдо и Георгина со месеци биле во врска, а потоа таа останала бремена, па се родила нивната ќерка Алана Мартина. Двојката сега одгледуваа четири деца (најстариот син на Роналдо, Кристијан Јуниор, и близнаците Ева и Матео).