.(43) кој синоќа околу 1 часот по полноќ во хотел во Ниш бил избоден со нож од А.Н.(30) е тешко повреден, но е стабилен.
– Пациентот е опериран и е стабилен, свесен и сам дише – велат во КЦ Ниш.
Инцидентот се случил околу 1 часот по полноќ во мал хотел во населбата Пантелеј под околности за кои полицијата се уште ги истражува.
Како што дознава „Блиц“ со повреди се здобила и А.Н., но се уште се утврдува кои и колку сериозни.
Засега, според информациите на „Блиц“, таа не е ниту приведена, ниту уапсена.
Извор на „Блиц“ детално опиша како се одвивала драмата синоќа. Сведочи дека мажот и девојката биле заедно во хотелската соба, а во еден момент таа се симнала и побарала од персоналот на хотелот кујнски нож.
Бидејќи персоналот не и дал, таа го напуштила хотелот, но по извесно време повторно се појавила и се вратила во собата. Таа наводно излегла да земе нож, но вработените наведуваат дека кога се вратила не забележале дека го носи со себе. После тоа, А.Н повторно се симнала на рецепција и им кажала на вработените да не се јавуваат во полиција додека таа не излезе од хотелот. -Повредениот излезе на нозе, крв прскаше по ѕидовите – вели добро упатен извор на „Блиц“.
Се наведува и дека таа не го ранила сериозно со нож, туку со ножици, кои биле пронајдени крвави под мијалникот во бањата од хотелската соба во која се случило се.
Неофицијално Блиц дознава дека по драмата А.Н се обидела целиот инцидент да го прикаже како силување, но овие наводи допрва треба да се проверат.