Јавноста е потресена по големата трагедија која се случи во селото Стајиќево, кое се наоѓа во близина на Зрењанин.
Младата 23-годишна Ивана Р. настрадала во семејната куќа, а според информациите од спрските медиуми, смртта настапила по струен удар во бања, во нејзината куќа.
Како што истакна полицијата, направен е увид, а телото е пренесено на обдукција. Овој настан е окарактеризиран како несреќен случај.