Уште во свежи сеќавања на атрактивната плавуша Кинси Волански кој влета на теренот на финалето од Лигата на шампионите во Мадрид меѓу Тотенхем и Ливерпул со цел да го рекламира сајтот за возрасни кој е во сопственост на нејзиниот дечко. Бројот на фанови на тој сајт порасна на 32 милиони, а заработката од рекламата се искачи на 3,3 милиони евра.
Кинси веднаш се огласи и демантираше дека и таа се занимава со таквата индустрија за возрасни.
– После неколку неприкладни приказни, сакам да им објаснам на сите. Мота професија не е да се сликам гола. Никогаш не сум позирала топлес, јас дефинитивно не сум учествувала во такво нешто. Сакам да ја знаете вистината дека јас по професија сум агент за недвижнини и воедно инвеститор. Моја долгорочна цел е да задржам тоа што сум заработила и инвестирам во недвижнини. Сакам да си изградам мое „царство“ и имам пасивни приходи – истакна Кинси.