Бразилската ѕвезда Нејмар се наоѓа во центарот на голем скандал откако девојка го обвини за сексуален напад во хотел во Париз на 15-ти мај.
Веднаш по обвинувањата Нејмар се огласи преку својот Инстаграм профил и порача дека девојката не ја зборува вистината, а како доказ приложи фотографии кои таа му ги испраќала.
Сега девојката излезе пред камерите на „СБТ“ и ја кажа нејзината страна на приказната. Таа пеизна дека во Париз дошла за секс со Нејмар.
-Побудале кога побарав да користи кондом. Тогаш стана агресивен и почна да ме удира по грбат – изјави таа која истовременопризна дека има финански проблеми и дека Нејмар и го платил патот до Париз.