Германката Мишел Кобке (36) на пошироката јавност ѝ стана позната во 2014 година, кога откри дека се заљубила во авион тежок 40 тони.
Станува збор за авионот Боинг 737-800 кој го видела низ прозорецот на аеродромот во Берлин и веднаш сфатила, како што рече, дека тоа е „љубовта на нејзиниот живот“.
Мишел ја шокираше јавноста кога изјави дека е „сексуално привлечена“ од авионот, дека го нарекува „драг“ и се восхитува на неговите крилја и трупот.
Сега повторно е во центарот на вниманието, а по изјавата дека ја „раскинала љубовната врска“ долга девет години!
„Разделени сме, но остануваме пријатели“, изјави таа за германските медиуми.
Мишел претходно откри дека е објектофил, односно личност која сексуално ја привлекуваат неживи предмети. Таа имала можност и лично да го запознае својот „мил“ во септември 2019. Потоа се качила на крилото на авионот и го бакнала, пренесува Мирор.
„Тоа беше најубавиот момент во мојот живот. Уживавме заедно, се бакнувавме и го галев. Еден ден планирам да се преселам во хангар, за да живееме заедно“, рече таа.
Пред раскинувањето, Мишел купила неколку делови од авионот, вклучувајќи вентил за резервоар, спојлер и клап, за да има нешто од нејзиниот „сакан“ кога ќе се разделат.
Освен тоа, набавила и реплика на авионот со кој спие. Нејзината соба била исполнета со разни сувенири, но сега ги продавала за да направи простор за нова страст.
„Сега сакам да носам средновековен витешки оклоп“, открила таа.