Поради зголемувањето на бројот на нови случаи на коронавирус, многу луѓе преземаат дополнителни мерки на претпазливост за да се заштитат. Заштитни маски, ракавици и средства за дезинфекција се главните средства што ги користиме за да се заштитиме за време на епидемијата, но не заборавајте редовно да ги чистите и предметите кои често ги допирате.
Овие девет работи многумина забораваат да ги исчистат, а често ги допираат.
1. Волан
Дали некогаш сте размислувале колку може да биде опасно возењето автомобил ако не го чистите редовно? Воланот е првото место што го допирате откако ќе завршите со купување или се враќате дома од работа, а покрај тоа, доволно е близу до носот за да можете да го вдишите вирусот. Чистењето на воланот е од суштинско значење, затоа не заборавајте за тоа и дефинитивно е препорачливо да го дезинфицирате пред употреба.
2. Слушалки
Околу 90 проценти од оние кои започнале да трчаат, пешачат или вежбаат за да го победат стресот или поради некоја друга причина, користат слушалки како извор на забава во тие моменти. Но, кога последен пат сте ги исчистиле слушалките? Коронавирусот може да остане на која било површина со часови и тоа можат да бидат вашите слушалки, па не заборавајте редовно да ги дезинфицирате слушалките.
3. Далечински управувач за ТВ или клима
Далечинскиот управувач е една од заедничките работи во домот на која живеат разни бактерии и вируси, едноставно затоа што чистењето на далечинскиот управувач во домаќинството не се прави редовно. Секој што ќе го допре далечинскиот управувач може да го изложи уредот на можна инфекција. Затоа, не избегнувајте чистење на далечинските управувачи.
4. Перници
Често переме чаршафи и навлаки за перници, но колку често ги чистиме перниците? Веројатно недоволно. На перниците има разни видови бактерии и вируси, а има и прашина и пот, па затоа е важно редовно да се чистат.
5. Прекидачи
Прекидачите за светло се една од работите кои најмногу ги допираме, а најмалку ги чистиме. Додека ги чистите други површини во вашиот дом, обрнете малку внимание на прекидачите кои се плодна почва за бактерии. Исто така, не заборавајте да го дезинфицирате ѕвончето пред влезната врата.
6. Картички
Во време на епидемијата на коронавирус, потрошувачите се охрабруваат да плаќаат што е можно повеќе со дебитни и кредитни картички со цел да се минимизира физичкиот контакт со благајната. Но, и картичките треба редовно да се чистат за да се избегне каква било контаминација.
7. Торбите за на купување
Во последните неколку месеци, многу луѓе ги дезинфицираат сите производи што ги купуваат, но најмногу забораваат да ја исчистат торбата во која ги носат тие производи. Би било добро да ја перете торбата за на купување на секои два дена.
8. Копчињата на микробранова печка
Овие копчиња се дефинитивно една од работите што често се допираат, а микробрановата печка ја користат сите во домаќинството. Значи, ако имате микробранова печка во вашата кујна, не заборавајте редовно да ја чистите и дезинфицирате.
9. Рачки на фрижидерот
Ова е исто така една од работите кои често се допираат во текот на денот, па при чистење, не заборавајте да ги избришете и дезинфицирате и рачките на фрижидерот, наведува Times od India.