Дева Касел беше шармантна ѕвезда на ревијата на Диор во Париз. 19-годишната ќерка на Моника Белучи и Винсент Касел зрачеше со харизма во бежов мантил додека покрај себе го имаше својот сакан Саул Нани.
На модното шоу, младиот пар пристигна за рака и со насмевка се движеше покрај бројните фоторепортери.