Лекарите од Велика Британија советуваат дека губењето на тежината пред есента и зимата може да биде превенција број еден на вирусот на корона.
Д-р Џен Харис предупреди дека е докажано дека дебелината го зголемува ризикот од умирање на пациенти заразени со коронавирусот, па губењето на тежината е обврска број еден на сите дебели, пренесува Дејли Меил.
„Направите се што е до вас и продолжете да вежбате“, потсети д-р Харис. Луѓето кои обично се најтешко болни се постарите и подебелите луѓе.
“Дебелината е многу проблематична, но тоа е всушност една од работите на кои можеме да влијаеме“ – потсети лекарот и истакна дека дебелината го зголемува ризикот од умирање за 37 проценти.
Претходните податоци сугерираат дека 75% од хоспитализираните пациенти со ковид-19 биле со зголемена телесна тежина.