Мартина Димоска е млада скопјанка, која со донации и продавање на маици, придонесе општината Карпош да се збогати со две клупи во црвена боја.
„Поставивме две клупи во Општина Карпош кои се всушност нарачани од мене и средствата добиени од маичките #МршКучи. Ви благодарам за сите што нарачавте и ме поддржавте!
Сакав да направиме нешто поразлично и колективно, а да се чувствувате како да сте придонеле. Освен донациите на луѓе на кои што тоа им е потребно, сакав да придонесеме во општествено добро. Првото е од ваков калибар“, напиша Мартина на својот Фејсбук профил.