Познатата ТВ-презентерка Гордана Ѓорчева со емотивна посвета се прости од својата мајка која почина на ист датум како и нејзиниот сопруг, актерот Бранко Ѓорчев.
„Мамичке моја, зар мораше во ист ден со Бранко. Неможно е, неможно е. Не можам да прифатам“, напиша таа.
Подоцна објави и фотографија со нејзините родители под која дополни:
„Убавица моја! Се надевам дека сега сте конечно заедно на некое поубаво место. Само тоа ќе ни биде утеха, прекрасни наши родители. Огромна болка!“
Ѓорчева која пред осум години го изгуби сопругот, неодамна изјави дека по трагедијата повторно се радува откако стана баба.
– Моментот кога првпат го кренав во раце Вања јас не можам да го опишам. Само во себе си реков: „Боже ова е дете на моето дете. Па јас доживеав благослов од Бога да кренам во раце дете на моето дете. Вања е за мене ангел кој ми дава крилја да летам. Откако Вања дојде на овој свет, јас сум во сосема друга димензија, за која немам објаснување – раскажа таа.