Шаховска велемајсторка и поранешен модел Ариана Каоили почина на 33-годишна возраст, откако две недели се бореше за живот по сообраќајна несреќа.
Нејзината смрт на Твитер ја потврди нејзиниот сопруг, Левон Арониан, кој моментално е 7-ми шахист во светот.
„Немам зборови со кои би ја изразил тагата за смртта на мојата сопруга. Беше паметна, вредна и среќна личност која уживаше во животот. Те сакам, спиј мирно“, напишал на Твитер.
Сочувство изразиле и шаховските велемајстори Магнус Карлсен и Гари Каспаров и ерменскиот премиер Никол Пашиниан.
Ариана се занимавала и со моделинг, а додека живеела во Австралија, за која настапувала од 2004-та до 2012-та година, учествувала и во австралиската верзија „Танц со ѕвездите“.
Зборувала неколку јазици и се занимавала со хуманитарни активности.