ДВЕ МОМЧИЊА ПРОБОДЕНИ СО НОЖ: Синоќа тепачка во автобус на ЈСП

by Тони Зографски
Во Градската општа болница „Св. Наум Охридски” во Скопје синоќа 20 часот се примени двајца повредени од остар предмет во пределот на шаката.

Еден од нив е препратен на скопските клиники, а еден е пуштен на домашно лекување.

Вечерва беше објавено дека во автобус на ЈСП број 51 во населбата Кисела Вода се случила групна тепачка, во која неофицијално учествувале средношколци од Моране и Студеничани.

Дел од медиумите пишуваа и дека непосредно по тепачката, била нападната и новинарска екипа која го забележала инцидентот.

Од Министерството за внатрешни работи сѐ уште нема никаква официјална информација за вечерашните случувања во Кисела Вода.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com