Хедер Вендерт (51) од Хамилтон, го загубила својот сопруг во сообраќајна несреќа во мај. Се враќал од патување со колега, кој помина далеку подобро.
Шокот што го доживеа со веста дека Стју (54) повеќе го нема, за Хедер било најлошото нешто што можело да и се случи, пишува thespec.com од Хамилтон.
Не можејќи да прифати дека го нема, Хедер секој ден одела на гробишта, оставајќи му цвеќиња и омилени цигари покрај споменикот. Потоа доаѓала еднаш неделно, а потоа нешто се смени.
– Од погребот, никој друг освен мене не дојде на гробот. Сепак, две недели по погребот, забележав дека секој викенд некој остава цвеќиња на неговиот гроб. Ги прашав неговите пријатели дали го посетуваат, но не го добив она што го посакував. Почнав да размислувам за тоа кој би можел да биде. Тој немаше пошироко семејство – вели Хедер.
Поради тоа, таа одлучила да ја промени својата рутина и во иднина да доаѓа во петок попладне или сабота наутро.
– Не успеав да ја „фатам“ таа личност цели два месеци, а потоа, кога најмалку се надевав, ја забележав. Отидов да си ги измијам рацете кај фонтаната, која беше оддалечена 60. метри од гробот на Стју. Кога погледнав наназад, видов жена, да речеме, на возраст од 30. години. Таа стоеше таму и го гледаше споменикот. Се наежив. Се’ ми минуваше низ главата. Можеби имал љубовница. Тоа дополнително би ме убило“, рекла Хедер.
Кога и пришла на жената, се укочила од непријатност.
– Не знаеше како да реагира, само погледна на подот. Потоа ми рече дека таа е неговата ќерка што ја добил пред да ме запознае. Тој бил во кратка врска со девојка која земала дрога и затоа ја напуштил. Тој дури и не знаел дека е бремена. Дури кога оваа жена имала околу три години, и било кажано дека е негова. Тој, исто така, отишол на ДНК тест за да се увери дека е вистина. Оттогаш, тие одржувале слаб, но постојан контакт. Мене никогаш не ми кажа за да не се вознемирам за неговиот претходен начин на живот. Бев шокирана, како земјата да ми се лизгаше под нозете. Исто така, беше многу вознемирена што нејзиниот татко ја држел настрана цело време – рекла Хедер.
Со таа жена по име Мајра подоцна отишле на кафе и воспоставиле контакт.
– Ми призна дека ме видела двапати на гробишта кога дошла, па истрчала на страна чекајќи да заминам. Таа ме препознала од некои слики што и’ ги испратил Стју. Многу ме боли фактот што ми криеше толку големи информации од својот живот. Сега само се прашувам што друго уште имало – вели Хедер.