Во Клиниката за кардиологија, при комплексот клиники „Мајка Тереза“ поради претходно меѓусебно недоразбирање дошло до физичка пресметка помеѓу две медицински сестри, соопшти полицијата.
Се работи за жени од Скопје, на 47 и 41-годишна возраст, со иницијали М.Т. и Д.Р.
По преземени мерки, полицијата против лицата поднесе соодветен поднесок.