Од 12 денеска тестираните двајца се позитивни и тие се најновите случаи на коронавирус во Македонија, информира министерот за здравство Венко Филипче на денешната втора прес-конференција.
Пациентите се од Дебар и според министерот се во стабилна здравствена состојба. Тие биле во контакт со тројцата претходно хоспитализиран и се нивни комшии.
Со овие нови два случаи бројката на заболени во државава се искачи на 9.
Инаку,Филипче информира дека на сите здравствени лица им се укинува платено или неплатено отсуство или одмор. Јавните претпријатија, органи на државна управа се задолжуваат , а им се препорачува на приватните компании да може да користат оправдано отсуство со доказ за отсуство поради грижа за малолетни деца до 10 години. Еден родител да може да биде опреавдано отсутен. овој заклучок се однесува и на самохраните родители. Родителите треба да достават доказ дека во секое време ќе бидат достапни на своето работно место.
Ќе се зајакнат контролите на граничните премини. Да се прекине работатат на библиотеките , студентските и ученичките домови во наредните 14 дена , а вработените да бидат ослободени од работни должности.
МВР да покрене истрага за лажни информации и дезинформации во медиумите.