Познатиот бар Коста Коста на истоимената грчка плажа во Кефалонија ги изненади посетителите со овогодинешните цени.
Од 1 јули, во шпицот на сезоната, сопствениците на локалите најавуваат нови цени, поради што дури и на оние со поголеми паричници ќе им се врти во глава. Бараат 35 евра за две лежалки на плажа, но цената скока на 40 ако сакате да бидат во вториот ред од морето и на неверојатни 50 евра ако сакате да седите во прв ред.
Бидејќи местата поблиску до плиткото обично ги избираат родителите со деца, излегува дека на четиричлено семејство му требаат 100 евра за престој на оваа плажа, плус сите останати трошоци што ги бара еден ден на сонце.
Овие цени на Фејсбук групата Грција Инфо ги сподели еден нејзин член.
– Апсолутно не ги разбирам цените на лежалките на таа плажа, ниту зошто некој би го платил тоа. Наредени една врз друга, плажата не е ништо посебно, на Кефалонија има милион многу поубави – вели во коментар еден од членовите на групата.