Во сообраќајка пријавена од СВР Велес која се случила доцна синоќа на патот Башино Село – Отовица, автомобил се превртел движејќи се кон езеро Младост, при што тешко се повредени две женски лица, информира за МИА д-р Василка Пановска ПопСтефанова од службата за ИМБ при ЈЗУ Здравствен Дом.
-Едното лице е со повреди на двата долни екстремитети и еден горен , а другата со повреди на десен и лев долен екстремитет, информира д-р Пановска Поп Стефанова .
Од страна на два тима од ИМБ пациентите се згрижени на лице место и поради сериозност на повредите, итно се однесени на хирушкиот одел при велешката болница, за понатамошно лекување.
На лице место увид на несреќата, направила екипа на СВР Велес.