Дваесет и тригодишна девојка од Кичево и 24-годишна пациентка од Скопје се двете најмлади жртви од ковид меѓу 17-те смртни случаи во изминатите 24 часа во земјава.
Дваесет и тригодишната девојка имала хронично заболување, велат од Министерството за САКАМДАКАЖАМ.МК. За 24-годишната девојка, оттаму изјавиле дека била позитивна на ковид-19 и една недела се лекувала во домашни услови со антибиотик, по препорака на матичен лекар.
“Поради проблеми со дишењето, 24-годишната пациентка се јавила во болница и е хоспитализирана во еден од Ковид-центрите од Интернистичкиот клинички блок. Поради влошување на состојбата, пациентката во многу тешка состојба е префрлена на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, каде е продолжено со интензивно лекување. Пациентката не одговарала позитивно на терапијата и за цело време ѝ се влошувала состојбата, велат од Министерството за здравство за сдк.мк.